Турција
Силен земјотрес од 6,7 степени во Турција, епицентарот во Измир
30.10.2020 14:39
Потресот предизвикал паника кај неселението кое во моментот е улиците. Засега нема точни информации за евентуални жртви и ниту пак за висината на причинетата материјална штета...

Силен земјотрес ја погоди западна турција. Потресот бил со јачина од 6,7 степени по Рихтер, а епицентарот е во градот Измир. Локалните медиуми јавуваат за целосно разурнати или оштетени објекти и станбени згради, прекинати се и телефонските линии.
Потресот предизвикал паника кај неселението кое во моментот е улиците. Засега нема точни информации за евентуални жртви и ниту пак за висината на причинетата материјална штета.
Земјотресот се почувствувал и во соседна Грција, особено погоден е островот Самос, каде што има оштетени станбени објекти.
