Ивановски: Отворените податоци корисни за бизнисот и претприемачите

14.03.2014 13:07

Овој процес е со цел да му се помогне на приватниот сектор и на граѓаните. Се очекува да поттикне креирање на нови работни места, нови иновации, со што ќе се создаде и нова додадена вредност во економијата...

Отоворените податоци на институциите најмногу можат да им користат на бизносот, претприемачите и студентите, нагласи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој денеска на оваа тема одржа предавање пред студетите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
 
Тој се осврна на Законот за отворени податоци со кој институциите се обврзуваат во определен временски период, податоците со кои што располагаат во дигитален формат да ги направат достапни за граѓаните, соопштуваат од министерството.
 
„Овој процес е со цел да му се помогне на приватниот сектор и на граѓаните. Очекуваме тоа да поттикне креирање на нови работни места, нови иновации, со што ќе се создаде и нова додадена вредност во економијата“, рече пред студентите министерот Ивановски.
 
Тој напомена дека Министерството за информатичко општество и администрација инвестира во развој на модерна платформа која ќе овозможи транспарентен пристап до отворените податоци на институциите во Република Македонија. Платформата е составена од три компоненти: модул за испраќање податоци, модул за централизирана организација и презентација на податоците и модул за дистрибуција на податоци.
 
„Најголем успех од искористувањето на овие податоци ќе имаме кај студентите, односно младите претприемачи. Сите оние кои ќе бидат заинтересирани да креираат апликации ќе можат бесплатно да ги користат отворените податоци“,  рече министерот Ивановски.
 
Министерот ги повика студентите кои се заинтересирани и имаат идеи да креираат апликации и да ги користат податоците на институциите на системот преку веб апликацијата www.opendata.gov.mk.