МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови

01.11.2020 15:30

Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот.

Сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот.

На почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје.

Есенскиот бран ги полни лабораториите, но и болничките капацитети. Министерството за здравство апелира на одговорност од страна на граѓаните и почитување на мерките за заштита.