Првиот контингент македонски мировници во КФОР заминаа на Косово
Учеството во мисијата на КФОР ќе продолжи и наредната година со зголемен број припадници на Армијата. Планот е веќе во следната ротација бројот да се зголеми за 60 македонски војници.

Првиот контингент од 44 војници на македонската армија од касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, заминаа на Косово, каде што во наредните шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР-Запад.
Учеството во мисијата на КФОР ќе продолжи и наредната година со зголемен број припадници на Армијата. Планот е веќе во следната ротација бројот да се зголеми за 60 македонски војници.
Наредното лето заедно со долгогодишниот партнер од САД, Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, надвор од воспоставените ротации, придонесот во период од девет месеци ќе се зголеми со над 100 –тина припадници на македонската армија.
Вкупно од втората половина на 2021-та, Северна Македонија како членка на НАТО ќе учествува во мисијата КФОР на Косово со околу 180 војници, подофицери и офицери на армијата.
