Продолжува расправата за ребалансот на буџетот
Со второто прекројување на државната каса, треба да се обезбедат средства за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, во износ од 470 милиони евра.

Собранието четврти ден ќе расправа за ребалансот на буџетот. Со второто прекројување на државната каса, треба да се обезбедат средства за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, во износ од 470 милиони евра.
Според пратениците од владејачките партии, намалувањето на капиталните инвестиции е, со единствена цел да се овозможи да се исплатат средства за оние на кои им се најпотребни.
За опозицијата носењето на вториот ребаланс е резултат на непрактичното работење на власта.
За денеска се закажани седници и на две собраниски комисии. На дневен ред на комисијата за труд и социјална политика и законодавно-правната се предлог – законите за изменување на законите за пензиското и инвалидското осигурување и за работните односи, по скратена постапка во второ читање.
