Почна примената на брзите тестови за Ковид-19
Првите пациенти веќе ги добиле резултатите, а интересот е огромен, па поради тоа слободни термини има дури по неколку дена...

Од утрото од 8 часот почна примената на брзите тестови за откривање на Ковид-19. Првите пациенти веќе ги добиле резултатите, а интересот е огромен, па поради тоа слободни термини има дури по неколку дена. Здравствениот дом Скопје е првата здравствена институција што почна да ги користи -потврдил за МИА директорот д-р Виктор Исјановски кој е и член на Комисијата за заразни болести. Брзи тестови ќе бидат доставени и до другите пунктови каде што се врши тестирање.
13 -те илјади брзи тестови се донација од фирмата Abbott и станува збор за најнова технологија со која за 15 минути се утврдува присуството на вирусот Ковид-19, со точност од 99,6%.
Соња Стојановска
