„Актор“: Нема ништо незаконско во трансакциите

14.03.2014 13:14

Една недела откако опозицијата за првпат обвини за неправилности во финансиското работење на „Актор“, компанијата преку соопштение ги демантира наводите на СДСМ...

Грчката градежна компанија „Актор“ која работи на изведбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица тврди дека нема ништо незаконско во исплатите од нејзината сметка.
 
Една недела откако опозицијата за првпат обвини за неправилности во финансиското работење на „Актор“, компанијата преку соопштение ги демантира наводите на СДСМ.
 
„Секоја трансакција, вклучувајќи ги платите и надоместоците на вработените луѓе од Грција се покриени со договори и фактури, сите даноци се пресметани и платени и конечно сите плаќања се извршени преку банкарскиот систем согласно законот“, соопштува од компанијата.
 
 Јавното обвинителство вчера објави дека на барање на управата за финансиско разузнавање замрзнало сметки на две фирми поврзани со овој случај и дека отворило преткривична постапка.