Уапсени повеќе од 200 луѓе на протестите во Белорусија

02.11.2020 11:44

Приврзаниците на опозицијата, 12-та недела по ред, повторно организираа демонстрации во Минск, по повод Денот на сеќавање на предците.

Повеќе од 200 лица биле уапсени за време на  протестите во Белорусија. Приврзаниците на опозицијата, 12-та недела по ред, повторно организираа демонстрации во Минск, по повод Денот на сеќавање на предците.

Денот се одбележува на 2 ноември, кога опозицијата одржува протестни маршеви од центарот на Минск кон блиските предградија, каде има масовни гробници на жртвите на сталинистичката репресија.