Трнинка: Трновита и тајновита, но многу лековита билка

02.11.2020 12:42

Народната медицина одамна ги познава лековитите својства на трнинките. Се користи се од неа, а најмногу плодовите кои главно го чистат организмот зашто се антиоксиданси, корисни за имунитет, за дишниот, како и за системот за варење.

Трнинките  созреваат  во  доцна есен и имаат диви плодови кои наликуваат на мали модри сливи. Предизвикуваат  трпкост  во устата ја собират , но се многу лековити. Порано многу се користеле но денеска се малку подзаборавени. Старите римјани многу го ценеле плодот на оваа трновита билка. Ги собирале и цветовите и ги користиле против кашлица и болести на дишните органи. Плодовите ги ставале и во вино засладено со мед, а правеле и вино од нив. Тоа го користеле против бубрежни каменчиња, реума, артритис и гихт. Денеска е докажано во народната медицина и општо прифатено дека се користи сe од трнинката, цветот, плодот, листовите, кората и коренот. Доцната есен е период кога се собираат трнинките. Се смета дека се потполно зрели и уште подобри за користење  дури  кога ќе ги фати мраз.

Од плодовите се прави чај,мармалад, сок, ликери, тинктури. Се користат за воспаленија на грлото ждрелото, разни болести на усната шуплина,  непцата...Чајот од цветовите на трнинките се користи како диуретик, ги намалува грчевите на на системот за варење  и го зајакнува имунитетот. Корисен е за реума и гихт, затоа што со честото мокрење се исфрлуваат киселините кои ги оштетуваат зглобовите. Добра е и за чистење на кожни осипи. Коренот од трнинки порано се користел за лекување грозница.  Чајот од цветовите на трнинките помага при воспаление на белите дробови и бронхитис.

Во плодот и во кората има танини горчливи материи . Во Стеблото и во листовите има калиум, калциум и флавонски хетероиди, а во плодот има пектин, јаболкова и цијановодна киселина како и витамин Ц(100 гр.плод содржи 200гр,витамин Ц). Содржи и многу антиоксиданси и го зајакнува имунитетот. Трнинката ја прочистува крвта и одлична е за  празнење на цревата, како и за излачување пот и урина, па затоа е препорачлива за олеснување на болките од гихт поради наталожените штетни материи на зглобовите.

Еве неколку интересни податоци за трнинките:

Во Русија од плодовите на трнинките се прави многу ценетиот алкохолен пијалок- ракија трновка. Во Романија трнинките се берат во зима и се сушат, а потоа се мелат како брашно, од тоа се подготвува многу вкусен и лековит чај. Во Франција се ставаат закиселени и се служат како  маслинки. Од семките  се прави и познатиот  француски ликер „Прунел“. Од плодовите се прави и сок, вино, оцет, ликер, компоти, желе, мешани мармалади, а се користат и сушени за чај. Листовите од трнинката се користат и како замена за руски чај или дури и како тутун. Многу народи ја сметаат за свето дрво, а според народните верувања, на 11 ноември околу него се собираат самовили и уживаат во најзначајната годишна свеченост.

Важно дека чајот од трнинки многу окрепнува при временски промени и го јакне организмот. Препорачлив е за постари лица како и за спортисти. Се подготвува лесно, една супена лажица суви трнинки се вари 3 минути со 1 литар вода, се остава да се олади и се пие постепено во голтки.Чајот ја чисти крвта и ја зајакнува. Извонреден е и за кожни болести, помага при лекување дизентерија и чистење на цревата од токсини. Се користи и при разни диети за намалување на телесната маса.

Соња Стојановска