Заев: Се обединуваме околу заедничките интереси во регионот во рамки на Берлинскиот процес

02.11.2020 12:50

Премиерот Заев преку интернет конференциска врска, учествуваше на регионалниот форум за млади лидери, посветен на регионалната економска соработка со посебен осврт на решенија за поврзување на државите во услови на пандемија...

Премиерот Заев преку интернет конференциска врска, учествуваше на регионалниот форум за млади лидери, посветен на регионалната економска соработка со посебен осврт на решенија за поврзување на државите во услови на пандемија.

Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме постоечката соработка, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји. Младите мора да бидат дел од овие процеси. Потребна ни е нивната креативност, енергија и капацитет да ги согледуваат пречките како можности, потенцира премиерот Заев.

Во дебатата учествуваа и српскиот претседател Вучиќ и премиерот на Албанија, Рама. Градиме соработка преку која ги разговараме, унапредуваме и конечно се обединуваме околу позициите каде што имаме заеднички интерес како регион во рамките на Берлинскиот процес, е заедничката порака од конференцијата.