Бизнис

Коморите бараат непречено движење на луѓе и стока

02.11.2020 12:55

Ограничувањата во движење кои земјите ги воведоа поради пандемијата предизвикана со Ковид- 19 го загрози бизнисот. Коморите од регионот бараат преку правила и прописи да се овозможи преминување на границите поради деловни активности. Бизнисот треба да биде поддржан, компаниите регионално да се вмрежат, велат од Стопанската комора на Македонија...

Непречено движење на луѓе и стока и формирање на мрежа на зелени линии бараат од Коморскиот инвестициски форум. Форумот во кој членуваат шест комори од регионот со иницијатива преку правила и прописи, да се овозможи преминување на границите заради деловни активности.

Од Стопанската комора велат дека бизнисот треба да биде поддржан, компаниите регионално да се вмрежат. Оттаму посочуваат дека брзи ПЦР тестови се решение за елиминирање на можноста од ширење на вирусот. Моделот да биде одржлив и во услови на влошување на состојбата со Ковид-19.

Од Стопанската комора велат дека ограничувањата во движење кои земјите ги воведоа поради пандемијата предизвикана со Ковид-19, го загрози бизнисот. Околу 400.000 компании од регионот се соочуваат со пречки, а дел и со неликвидност поради мерките.

Од комората децидни дека брзината на закрепнување на економиите во регионот ќе зависи од брзината со која бизнисмените ќе ги реализираат бизнис договорите.

Дијана Ценевска