„Кругови“ - концерт со фантастичниот пијанист Франческо Тристано

02.11.2020 13:49

Франческо Тристано е пијанист, композитор и продуцент кој прави фузија меѓу класичната и електронската музика. Посебен афинитет има кон творештвото на Јохан Себастијан Бах и го реализира својот амбициозен проект да ги сними и да ги издаде сите негови дела.

Оркестарот на Филхармонија во четврток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт насловен „Кругови“ на кој како солист ќе еден од најкреативните пијанисти - Франческо Тристано од Луксембург. Диригент е Џијан Емин, а на програмата се Концерт за пијано бр. 1 во де-мол од Бах, 4 фрагменти од „Пијано кругови“ за пијано и гудачи од Франческо Тристано и Фантазија на тема од Томас Талис од Вилијамс.

Франческо Тристано (Луксембург, 1981) е пијанист, композитор и продуцент кој прави фузија меѓу класичната и електронската музика. Посебен афинитет има кон творештвото на Јохан Себастијан Бах и го реализира својот амбициозен проект да ги сними и да ги издаде сите негови дела.

Џијан Емин е хорнист, композитор и диригент. Емин застана зад пултот со Македонската филхармонија во повеќе значајни проекти во изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, силно привлекувајќи го вниманието на јавноста.