Во тешка сообраќајна несреќа загина македонскиот фудбалски ас Петар Милошевски

14.03.2014 13:24

Во несреќата повредени се и претседателот на ФФМ, Илчо Георѓиевски, кој поминал со лесни повреди и се наоѓа на домашно лекување...

На регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, во тешка сообраќајна несреќа трагично загина македонскиот фудбалски ас, Петар Милошевски.

Во несреќата повредени се и претседателот на ФФМ, Илчо Георѓиевски, кој поминал со лесни повреди и се наоѓа на домашно лекување, додека уште двајцата патници кои биле во автомобилот со фудбалерите се згрижени на Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајката се случила веднаш по одиграниот хуманитарниот натпревар помеѓу ветераните на Куманово и Македонија, кога фубалерите си тргнале на пат за Скопје. Неверувајќи во трагичната судбина на местото на несреќата, со свои очи да се увери беше поранешен тренер на Милошевски, Ѓоко Хаџиевски.

„Се уште сум во шок, не сум свесен како и што се случило, не можам да поверувам. Петар го знам од 10-та година, јас го донесов во Вардар. Многу ми е тешко, сите фудбалри од таа генерација израснаа со мене, тие се како мои синови“, вознемирено раскажува поранешениот тренер на Петар Милошевски, Ѓоко Хаџиевски.

Двете возила се целосно уништени, Пежото во кое се возел македонскиот репрезентативец, било исечено, а при извлекувањето на телото бил неговиот колега Саша Ќириќ. Несереќата се случила при директен судир со џип кој патувал на кај Крива Паланка-соопшти кумановската полиција.

„Возачот М.Ж. 62 годишен од село Малотино управувал возило Јаз со кумановски таблички и се движел на кај Крива Паланка. Од спротивната страна наишло пежо 507 во кое имало 4 лица и дошло до директен судир, при што пежото излетало од патот“, изјави Валентина Николовска, началник на аналитика при Свр Куманово.   

Стручни екипи на полицијата беа терен, а истрагата ќе ги покаже деталите и околности под кои се случила несреќата. Инаку, македонскиот репрезентативец во својата кариера бележи над 70 одиграни натпревари. Покрај боите на Македонија, голманот бранеше и за клубови  во Кипар и Турција.

 

Габриела Димковиќ