Прилепската болница го зголемува капацитетот за сместување на ковид- пациенти
Поради наглото зголемување на бројките на заразени, прилепската болница го зголемува капацитетот за сместување ковид-пациенти на 100 легла, реши Кризниот штаб. Сега и официјално одделенијата за уво, нос и грло и интерното се ковид- центри. Болницата побара и одобрено е да ги вклучи 20-те специјализанти во работењето, а во инфективното одделение од денеска на помош се со ротација и другите специјалисти...

Оделенијата за уво, нос и грло, од среда и интерното, а наскоро и очното одделение во прилепската градска болница, стануваат ковид-центри за справување со пандемијата, констатира Кризниот штаб. Се обезбедуваат вкупно 100-ина легла за пациентите со Ковид-19 со што ќе се растовари работата на инфективното одделение. Главниот проблем, недостиг од медицински парсонал веќе се решава со ротација на специјалистите во Инфективното. Болницата доби и изим од министерството за здравство да ги ангажира околу 20-те специјализанти.
Од инфективното одделение каде не знаат кога е ноќ или ден, се задоволни од помошта со медицинскиот персонал од другите одделенија. Иако бројот на заболени праснал за преку 50 насто, велат, смртноста е на исто ниво.
64 прилепски матични лекари сакаат активно да се вклчучат и да помогнат. Ама бараат протоколи за лекување на пациентите со Ковид-симптоми, а да не ги доведат во опасност другите пациенти.
Прилеп нема проблем со бројот на санитетски возила за потребите на болницата. Градот и кризниот штаб бараат младите да бидат поодговорни- да со забави и групирања да не ги доведувата во опасност повозрасните членови во семејството. Преку половината од сите заразени во пандемијата се во октомври. Во моментов во Прилеп има над 500 активни случаи.
Елизабета Митреска
