И студентите по медицина во битка против Ковид-19
Стотина студенти од медицина на ниво на задачата. Ангажирани се за изработка на епидемиолишки анкети. Велат – најпроблематични се асимптоматските случаи. Порачуваат – и да немате сиптоми, носете маска...

Млади, но на ниво на задачата. Сериозни во пристапот и работата. Студентите од шеста година по општа медицина веќе втора недела се во контакт со граѓаните. Помагаат во изработка на анкетните листови на контактите на Ковид позитивните пацинети. Меѓу нив е и Дијана Јованоска, таа вели дека пациентите кои се асиптоматски случаи, живеат со голема вина на совеста, бидејќи ја ширеле болеста.
За Тамара Таневска, пак, најтешко е кога ќе дознае дека пациентот што го бара е хоспитализиран, во тешка состојба или пак, семејството ќе ја извести дека веќе починал.
Анастасија, Ернес и Тереза велат дека има пацинети од сите возрасти, болеста ја добиле поради невнимание или не почитување на протоколите.
За пофалба е инцијативноста на овие млади луѓе, тие и новните колеги со писмо до надлежните барале да бидат вкулчени во битка против Ковид-19.
Во моментот околу 100 студенти помагаат во Центарот за јавно здравје- Скопје, Институтот за Јавно здравје, како и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Во наредните недели дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во Центрите за јавно здравје низ земјава.
Наташа Јанчиќ- Менковски
