Владата ќе одлучува дали угостителските објекти ќе работат до 21 часот

03.11.2020 10:07

Владата денеска треба да решава за дополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, наместо до 23 часот, тие да работат до 21 часот. Целта е да се спречи натамошно ширење на Ковид-19 ...

На предлог на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, Владата денеска треба да решава за дополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, наместо до 23 часот, тие да работат до 21 часот.

Целта е да се спречи натамошно ширење на Ковид-19 од кое што во претходното деноноќие беа регистрирани уште 565 инфицирани од направени 1.325 тестирања. Починаа 21 лице, од кои најмладиот на 45 години, а оздравеле 154 пациенти.

Во клиниките и болниците низ државава вкупно се хоспитализрани 713 пациенти.