Над 140 илјади граѓани поднеле годишни даночни пријави до УЈП

14.03.2014 13:55

Даночните обврзници кои не ја исполниле законската обврска, ќе можат својата годишна даночна пријава да ја поднесат и во понеделник...

До Управата за јавни приходи (УЈП) до сега се доставени 143.000 даночни пријави, од кои 1.082 по електронски пат.

Даночните обврзници кои не ја исполниле законската обврска, ќе можат својата годишна даночна пријава да ја поднесат и во понеделник, во даночните канцеларии на УЈП, бидејќи последниот рок за доставување пријави е 15-ти  март (сабота) кој е неработен ден.

За граѓаните кои живеат или студираат во Скопје, а се од друг град, приходите ќе можат да ги пријават во контакт центарот на УЈП, кој ќе работи и во сабота од  9 до 20 часот.

 

Ивана Стојкова