МВР: 313 санкционирани возачи во Скопје

03.11.2020 10:54

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 313 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 27 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 313 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 27 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91 мерка за непрописно паркирани возила и 54 санкции за неносење заштитна маска. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.