Донираните 13.000 тестови бесплатни, но со закажување од матичните лекари

03.11.2020 11:52

Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани на Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес...

Донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови за Ковид- 19, преку алгоритам на матичните лекари ќе бидат бесплатно достапни за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање.

Здравствениот дом веќе договори со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се коритат само тестовите донирани на Министерството за здравство кои ќе бидат бесплатни за граѓаните. Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес. Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени- информираат од Министерството за здравство.

Здравствениот дом- Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за Ковид- 19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.

Соња Стојановска