Предлог- закони од социјалната заштита на 17-та седница на Владата
На седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 17-та седница со повеќе точки на дневен ред, соопштуваат од владината прес- служба.
На седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.
На денешната седница, која е закажана со почеток во 12 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.
