100 жртви во земјотресот во Измир и на грчкиот остров Самос

03.11.2020 12:09

Потресот од речиси седум Рихтери е најсилниот во последната деценија...

Бројот на жртви во земјотресот во Турција и Грција се зголеми на 100 од кои 98 се во третиот по големина град на Турција, Измир, а на грчкиот остров Самос се регистрирани два смртни случаја.

Од речиси 1.000 повредени, хоспитализирани се околу 150. Спасувачките екипи трагаат по исчезнати лица.

Обезбедени се над 3.500 шатори и 13.000 кревети за привремено сместување на оние што ги загубија домовите. Потресот од речиси седум рихтери се смета за најсилен во последната деценија. По првиот следувале уште 800 последователни земјотреси.