Финансискиот систем подготвен да се справи со натамошните предизвици

03.11.2020 13:31

Гувернерката на централна банка анита Ангеловска-Бежоска, изјави дека според показателите на крајот на третиот квартал, остварувањата на системот се подобри од пред почетокот на ковид- кризата. Според неа, нивото на нефункционалните кредити е историски најниско од 3,4 насто.

Финансискиот систем успешно одговори на првичниот удар од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошните предизвици, оценка на Комитетот за финансиска стабилност на Народна банка.

Гувернерката на централна банка анита Ангеловска-Бежоска, изјави дека според показателите на крајот на третиот квартал, остварувањата на системот се подобри од пред почетокот на ковид- кризата. Според неа, нивото на нефункционалните кредити е историски најниско од 3,4 насто.

И покрај проблемите и предизвиците со кои што се соочува еконмијата во време на Ковид-19, нема промени во учеството на девизните во вкупните депозити и тоа изнесува 42 процента, соопшти Народна банка по седницата на Комитетот за финансиска стабилност.