Над 220 илјади посети на „берзата на труд“ на АВРМ

14.03.2014 13:58

Oвој сервис, покрај активните мерки што ги презема Владата за намалување на невработеноста кај младите, е алатка за полесно, побрзо, навремено и релевантно да се информираме сите невработени лица, а особено младите...

Веб-сервисот на Агенцијата за вработување на Република Македонија преку коj се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа, навремено информирање на младите лица за расположиви работни места и распишани огласи за само два месецa забележал над 220 илјади посети.
 
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека овој сервис, покрај активните мерки што ги презема Владата за намалување на невработеноста кај младите, е алатка за полесно, побрзо, навремено и релевантно да се информираме сите невработени лица, а особено младите, кои, како што рече, во најголем дел го користат интернетот.
 
„Овој свервис, како и мобилната апликација Прв.мк ги информираат невработените за сите отворени можности кои ги имаат за вработување, за сите отворени огласи кои се во тек. Остварените над 220 илјади посети и над 83 илјади уникатни посетители се показател за интересот и можноста која им ја даваат овие две алатки на невработените, особено младите, бидејќи практично имаат можност да се информираат за сите слободни работни места, но и преку интернет електронски да аплицираат, да изразат интерес, да бидат повикани на интервју“, објасни Спасов.