Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

03.11.2020 13:14

Вчера, на четвртиот ден од расправата, власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања за неопходноста на ребалансот и дали четвртиот пакет мерки ќе ги даде очекуваните резултати.

Пратениците во македонското собрание денеска треба да ја продолжат расправата за вториот ребаланс на буџетот во кој се планирани средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.

Вчера, на четвртиот ден од расправата, власта и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања за неопходноста на ребалансот и дали четвртиот пакет мерки ќе ги даде очекуваните резултати.

Според собранискиот деловник, расправата во собранието по ребалансот трае пет дена и звршува денеска. Иако почетокот на работата на собранието беше најавен за 12 часот, расправата се уште не е започната.