Ковид-19 ги одложува судските процеси, предметите може да застарат
Ковид- 19 предизвикува одложување на судски процеси поради позитивни на коронавирусот, а во вакви околности можно е да дојде и до застарување на предмети, предупредуваат судиите. Промовирани се протоколите за работа на судовите во време на пандемија со Ковид- 19...

Судските процеси се одложуваат поради заболени или изолирани страни во постапката. Во вакви услови, можни се застарувања на предметите или враќање на почеток, што ги усложнува работите, посочи првиот судија на Кривичен, Џолев, при промовирањето на протоколите за работа на судовите.
Упатно е, вели, да се најде некое решение како пропис, кој би се применувал и за да не застарат предметите. Потешкотија е и судење онлајн за процесен закон, на пример, вели Џолев.
Потребно е ново решение, е ставот и на претседателот на Здружението на судии, Сахити. За онлајн судењата не е доволно само интервенирање во процесните закони , туку и создавање услови.
Мерките за заштита беа формализирани и во Граѓанскиот суд. И таму се одложуваат рочишта заради ковид позитивни. Дел од судиите сметаат дека судењата можат да се одвиваат непречено. Протоколите за заштита од ковид беа изработени од Здружението на судиите и мисијата на ОБСЕ во земјава.
Фиљана Кока
