Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, се забранува групирање на повеќе од четири лица по 21 часот

03.11.2020 15:11

Владата ги прифати мерките на Комисијата за заштита од заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот...

Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Владата ги прифати мерките на Комисијата за заштита од заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

Се забранува и групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.