Струмица

И фотостудијата погодени од корона- кризата

03.11.2020 14:27

Од Ковид- 19 меѓу најпогодените се и фотостудијата и естрадните уметници. Струмичките велат дека практично се останати без приходи и се на работ на издржливоста...

Епидемијата со Ковид- 19 ги стави во мирување многу свадби во земјава, многу невести и младоженци не го заиграа првото оро, ама не го кажаа ниту судбоносното „да“.

Благица Калева е мајка на невеста која два пати ја откажа свадбата со цел почитување на протоколите. Генералниот впечаток е дека сите младоженци, делат исто мислење и емоции: во време на пандемија приоритет е здравјето. Но, факт е дека потрошеното време и пари на подготовки, ги остава во разочарување, покрај неизвесноста која е заедничка за сите. Калева е и естраден уметник, пандемијата двојно ја погоди.

Откажаните свадби и семејни прослави без работа ги оставија и фото студијата и фотографите. Пред неколку дена се собраа во Струмица да формираат Комора која ќе ги застапува нивните интереси пред Владата оти никаде не биле искалкулирани во ниту еден сет економски мерки.

Единствено што преостанува е да се следи ситуацијата и да се придржуваме на препораките на надлежните институции. И да се чекаат поубави времиња кога убавите семејни собири и свечености повторно ќе бидат во полн сјај.

Стојне Митева