Во среде пандемија, во болницата во Струга изваден тумор тежок пет килограми

03.11.2020 15:59

Лекарите велат и покрај панедмијата со Ковид- 19, пацинетите мора да водат грижа за своето здравје и да се штитат од другите редовни болести. Операцијата на огромната туморозна маса е извршена кај 45 годишна жена од Струга.

И додека во сите здравствени установи во земјава, главниот фокус е ставен на преадаптација на болничките капацитети за лекување на пациенти заболени со корона вирусот, во Струга е извршена хируршка операција и отстранет е тумур на матка тежок пет килограми.

Лекарите велат и покрај панедмијата со Ковид- 19, пацинетите мора да водат грижа за своето здравје и да се штитат од другите редовни болести. Операцијата на огромната туморозна маса е извршена кај 45 годишна жена од Струга.

„Ја сработивме, сѐ беше добро, пациентката ја пуштивме дома во добра кондиција на домашно лекување. Тоа е операција што ние редовно ја вршиме, но тоа беше повеќе за сензибилизација на жените да одат на гинеколот“, вели Мухамед Aсани, директор на стушката болница.

Во моментов на интерното одделение во Струга има 15- тина хоситализирани пациенти со корона вирус. Сѐ уште има слободни кревети.

„Ситуацијата ја менаџираме и е под контрола сега засега. Ако имаме поголем број пациенти што ќе бараат хоспитализација, во моментов имаме доволен број слободни креветиа во група сме на градови за монтажна болница што се очекува наскоро. Ако не имаме план за преадаптација на други оддели за овие пациенти“, додава Асани.

Во првиот бран на пандемијата Струга имаше повеќе заболени од корона вирусот во однос на Охрид. Во есенскиот бран состојбата е поинаква, регистрирани се двојно помалку заболени од струшко.

 

Соња Рилковска