Прилеп ги награди хероите на пандемиското време
Прилеп денеска одбележува 76 години од ослободувањето и наградува. Посебно, прилепчаните, институциите и тимовите кои се во првите редови во битката со пандемијата. Меѓудругите се Инфективното одделение и Итната медицинска помош. Пораката е единствена: за победа со невидливиот непријател- моќта не е кај нив, туку кај граѓаните...

Инфектологот Мирјана Крстеска раководи со тимот на прилепското инфективно одделение. Штотуку прележа од корона-вирусот, сѐ уште е на боледување, ама мора да е со колегите, за да биде на припомош. Вели, додека не се замори, па, по паузата, пак да помогне. Имаше компликации, вели, ама најбитна е оптимистичката мисла и да не ве фати паника. Признава дека во почетокот на пандемијата биле малку збунети, до неодамна, им достасуваше организација. Од пациентите бара само малку трпение.
Итната медицинска помош е во врвот по оптовареноста со обврските, особено во ноќните часови. Надлежна е за околу 100.000 жители на три општини и голема територија. Работата е зголемена за трипати. Им недостасуваат лекари, возачи на возилата, ама се снаоѓаат и се надеваат.
Ангажирани се и младите лекари кои штотуку добија лиценца. Ова е трета тура што почна пред еден месец.
Инфективното, Итната помош, трансфузија, епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје. Сите се добитници на третоноемвриските награди на Прилеп. И херои на пандемиското време. Поради тимската работа, пожртвуваноста и посветеноста. Имаат само една порака.
Прилеп додели и две нагарди за животно дело. На спортскиот новинар Миле Талески и, постхумно, на незаборавната Нина Спирова.
Елизабета Митреска
