Нови 10 кревети за кови- пациенти во болницата во Штип
Од попладнево ковид- пациентите со полесна клиничка слика во болницата во Штип ќе се лекуваат на одделението за кожни болести кое од утринава е преадаптирано. Ова е времено решение, сѐ до поставувањето на мобилниот ковид-центар, велат надлежните. Капацитетот на Инфективното одделение во Штип од 55 се зголемува на 65 болнички места...

Заради големиот број пациенти на кои им е потребна хоспитализација, инфективното одделение во Клиничката болница во Штип од денес се прошири на кожното одделение.
Директорот Ален Георгијев за Македонската телевизија вели дека просторните услови каде е сместено инфективното одделение не дозволуваат проширување, бидејќи станува збор за изолиран објект. Но, напливот на пациенти е голем и до моментот на поставување на монтажниот ковид- центар, преадаптирано е одделението за кожни болести кое е близу зградата на инфективното одделение.
Во Штип има 308 активни случаи позитивни на корона вирус, до сега бројот на заболени е над .700. Во клиничката болница се хоспитализирани 53 пациенти, поголем дел од Штип, но и од целиот источен регион.
Славица Величковска
