Влада: Честите контакти и средби на високо ниво се во функција на поголемо разбирање со соседна Бугарија
По средбата во Берлин, Владата со став – убедени сме дека е разбрана позицијата за нашите национални ставови, правото на самоопределување на македонскиот народ, европската иднина и отворањето на пристапните преговори. Честите контакти и средби на високо ниво се во функција на поголемо разбирање со соседна Бугарија – стои во соопштението. Бугарската шефица на дипломатијата по разговорите со Османи и Димитров оцени, извесен напредок во отворените прашања има, но сѐ уште не сме подготвени да ја одобриме рамката за преговори со Македонија...
Честите контакти и средби на високо ниво водат кон поголемо разбирање со Бугарија, зајакнување на довербтаа и приближување на позициите – оценија од Владата по разговорите во Берлин на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Османи и Захариева и вицепремиерот за евоинтеграии Димитров.
Во соопштението се вели - „го почитуваме и посветени сме на Договорот од 2017 година кој нуди рамка и инструменти за менџирање на билатералните прашања. Веруваме дека историските прашања кои се дел од зедничката историја може да се решат низ Комисијата за историски и образовни прашања и веруваме решенијата ќе ги зајакнат пријателството и соработката меѓу двете земји“.
Бугарската шефица на дипломатијата, пак со став- напредок во разговорите за отворениуте прашања, но сè уште не сме во можност да ја одобриме преговарачката рамка за преговори за Северна Македонија. Захариева со став – не можеме да замижуваме и да не забележуваме дека има проблеми во спроведувањето на Договорот за добрососедство.
„Едноставно треба да се запазат добрососедските односи со Бугарија. За жал гледаме трајно и систематско непочитување на Договорот, а тука не зборувам само за историската комисија. Имаме забелешки и на имплементација и понатамошниот напредок на важни инфраструктурни проекти како што е Коридорот 8. Постојат случаи кои создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, како и неподготвеноста на Северна Македонија да се придржува до јазичната формула во договорот“, изјави Захариева.
Утре на собраниската комисија за надоворешна политика на дневен ред според престедателот Милошоски ќе се расправа околу националниот став за бугарските позиции. Милошоски очекува на седницата на Комисијата да бидат присутни Османи и Димитров.
Марина Стојанова- Тонева
