Наскоро петта сезона на „Преспав“ на МРТ

03.11.2020 16:53

Наскоро на Македонската телевизија нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“. Семејството Бузалевски ќе ги води гледачите низ нови авантури...

Наскоро на Македонската телевизија нова, петта сезона од популарната серија  „Преспав“. Семејството Бузалевски ќе ги води гледачите низ нови авантури.

Снимањето е во тек, а актерите велат, поради пандемијата биле затворени без работа, без театар, без снимања и имале потреба да „експлодираат“ пред камерите. Сметаат дека комедијата е вид терапија и треба почесто да има вакви серии. Дали и како успеваат да ги снимаат сцените и да ја сокријат насмевката во моменти кога треба да останат сериозни.

Има препреки и предизвици со кои се соочуваме, но снимањето тече добро и очекуваме да испорачаме нешто квалитетно, вели режисерот Тозија. Протоколите за работа се почитуваат, додава продуцентот Талевски.

„Преспав“ е прв македонски ситком проект кој изминатите четири сезони постигна голем успех и популарност кај публиката преку малите екрани и на интернет.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска