Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за прекројувањето на државната каса
Пред завршница е собраниската дебата за вториот ребаланс на буџетот за годинава. Пратенците од власта и опозицијата, петти ден со меѓусбени обвинувања за неопходноста од прекројување на државната каса и очекуваните резултати што треба да ги даде четвртиот пакет- мерки за помош на граганите и стопанството...

Реплики и контрареплики и последниот ден од дебатата за прекорјување на држвната каса. Кој повеќе сторил за граѓаните, а кој е поголем лицемер се препукуваа власта и опозицијата. Ниту претходните мерки не дадоа резултат бидејќи се зголеми невработеноста, а парите предвидени за борба со пандемијата половично се искористени. Има непродуктивни трошења, обвинуваа од ВМРО- ДПМНЕ.
Од власта велат дека потребна е конструктивност од сите, а опозицијата е таа која внесува хаос и пројавува лицемерие.
Со ребалснот на буџетот ќе се ефектурира спроведувањето на четвртиот сет мерки наменет за граѓаните и фирмите за борба против коронавирусот тежок 470 милиони евра. Со прекројувањето на државната каса буџетскиот дефицит е проектиран на 8,4 проценти од бруто- домашниот производ.
Миле Ристески
