Осуда за терористичкиот напад во Виена и од мештаните на Челопек
Осуда за инцидентот од мештните од тетовски Челопек по веста дека момче чие семејство потекнува од селото, извршило терористички напад. Велат, не го познаваат, никогаш не дошол во родниот крај, но загрижени се, инцидентот негатино ќе влијае не само за државата, туку и печалбарите од овој крај отселени во Австрија...

Во тетовски Челопек загриженост меѓу мештаните по веста дека момче со потекло од нивното село направило масакр во Виена. Настанот го осудуја. Велат дека не го познавале Кујтим Фејзулаи. Неговите родители се одамна отселени, момчето не било родено во нивниот роден крај.
Постарите жители на селото пред камерата раскажаа, семејство Фејзулаи било културно, посебно Јусуф таткото на напаѓачот во Виена. Не очекувале дека може да се случи такво нешто. Стравуваат дека настанот негативно ќе влијае за селото, на државата, а посебно на печалбарите кои се отселени во Австрија и западниот свет.
Осуда за настанот испратија од Министерството за надворешни работи.
„Силно го осудиваме терористичкиот напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски колеги. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и ние строго го осудуваме овој терористички чин без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочувство до семејствата и граѓаните на Австрија“, соопштија од МНР.
Фејзулаи бил осуден на 22 месеци затвор лани во април поради обид да се приклучи на Исламска држава во Сирија, но бил ослободен во декември според Законот за малолетници.
Зоран Димовски
