Прочистувачи на загаден воздух
Тие ги отстрануваат ситните честички , ги филтрираат алергените, вклучително прашината и поленот, спорите, мувлата, првутот од домашните миленичиња, грините, издувните гасови од автомобилите и смогот од цигарите, бактериите и вирусите.

Дали знаете дека на секој човек за дишење му се потребни 10 000 литри воздух секој ден. Во секој од овие 10 000 литри има прашина особено дома има повеќе отколку на отворено. Таа може да биде видлива и невидлива, на пример еден тепих може да прими 8 пати повеќе прашина од својата тежина. Ако не се теписите тогаш е формалдехидот што испарува од мебелот, од ламинатот со децении. Дали знаете дека воздухот дома е често позагаден од оној надвор особено ако не се проветрува? Според истражувањата некои домови имаат и до 100 пати позагаден воздух од надворешниот
Оваа статистика изгледа неверојатно кога знаеме дека надвор има чад и смог, но ако во домот се пуши, има прашина, домашни миленичиња и разни други извори на бактерии мувла, мириси. Според истражувањата луѓето 80% од време се во затворен простор, затоа неопходен е чистиот воздух. Ако веќе надвор е загадено и не можеме како единки битно да го промениме тој факт, можеме барем да го прочистиме воздухот во затворениот простор во кој престојуваме најмногу.
Повеќето луѓе сака да живее здрав живот за кој освен храната и движењето , најголема улога има чистиот и квалитетен воздух.
Освен хигиената во домот прочистувачите решаваат голем процент од овие проблеми.
Малку луѓе знаат дека мирисите, особено непријатните се меѓу највознемирувачките со непријатност и нервоза што влијае и на менталната состојба. Загадениот воздух според најновите истаражувања често се поврзува и со алцхајмер и паркинсонова болест и когнитивните функции на мозокот поради континуиран недостиг на кислород за нормална функција на мозокот и крвните садови во него. Токму затоа се препорачуваат филтри за прочистување на воздухот во секој дом. Но, не може секој да си дозволи квалитетни прочистувачи на воздух. Ако оние за индрустриски потреби се ослободени од царински давачки, увозот на прочистувачи на воздух од поголемиот дел од светот се оптоварени со данок од 15 %. Дали не е време да се размислува за конкретни мерки што треба да ги превземат власти , да се намали или да се ослободот од царински давачки овие прочистувачи за домаќинствата, школите градинките, да бидат подостапни за граѓаните особено во неколку најзагадени градови во Македонија кои се меѓу првите на светската листа. Дури и субвенционирање за купен производ е корисен за да го направи производот достапен, ако се знае дека кај нас прочистувачите на воздух се со цени над 5000 денари, а оние поквалитетните кои всушност ги впиваат повеќето од загадувачите се двојно и тројно поскапи.
Тие ги отстрануваат ситните честички , ги филтрираат алергените, вклучително прашината и поленот, спорите, мувлата, првутот од домашните миленичиња, грините, издувните гасови од автомобилите и смогот од цигарите, бактериите и вирусите. Од Царината нема прецизни податоци колку прочистувачи се увезуваат во последниве години.
Во услови на екстремно високо загадување во земјава, кое и оваа година станува се поалармантно, прочистувачите на воздух се се побаран производ, особено од домаќинствата, пред се оние со мали деца, но и хронично болни лица Чист воздух- здрави луѓе, здрави поколенија, работоспособни луѓе, тоа треба да биде приоритет на секоја власт.
Соња Стојановска
