Почесто проветрување на просториите за заштита од коронавирус
Секој веќе знае за трите најважни мерки за одбрана од коронавирус - маска за лице, физичко растојание и редовно миење на рацете, но со доаѓањето на постудено време и почестиот престој во затворен простор, треба да се додаде и четвртиот - свеж воздух.

Лошо проветрените простории ја зголемуваат можноста за пренесување на вирусот преку аеросоли, честички кои „лебдат“ во воздухот.
Со ширењето на капките, далеку помалите аеросоли се сметаат за главната рута на пренесување на коронавирусите, иако во помала мера.
И додека капките паѓаат на подот релативно брзо, полесните аеросоли можат да лебдат подолго и со тоа да се шират во затворени простории. Најлесно е да се запре со повремено отворање прозорци.
Стравувањата дека ќе настинете се неосновани, тврдат медицински експерти.
„Вентилацијата на просторијата неколку минути тешко може да ја промени температурата во просторијата“,предметите во просторијата и ѕидовите ја одржуваат температурата и ќе ја ослободат задржаната топлина.
Експертите препорачуваат канцелариите да се проветруваат на секој час 20 минути. Ако има помалку луѓе кои седат во собата, доволно е 10 минути.
Дијана Гогова
