Вардар без калкулации и на победа против Загреб!
Ракометарите на Вардар се третпат во завршницата во СЕХА лигата, но како шампиони пред две и финалисти од минатата година имаат обврска и амбиција да триумфираат и во последниот натпревар против Загреб. Голема е веројатноста дека и двете екипи ќе играат меѓусебе и на фајнл – фор турнирот во Нови Сад што ќе биде и теоретски јасно доколку црвено – црните утре слават во „Кале“.

Ракометарите на Вардар се третпат во завршницата во СЕХА лигата, но како шампиони пред две и финалисти од минатата година имаат обврска и амбиција да триумфираат и во последниот натпревар против Загреб. Голема е веројатноста дека и двете екипи ќе играат меѓусебе и на фајнл – фор турнирот во Нови Сад што ќе биде и теоретски јасно доколку црвено – црните утре слават во „Кале“. Вардарци нема да калкулираат со евентуалниот полуфинален противник, туку сакаат да го продолжат добриот ритам пред пресметките со еврпскиот првак Хамбург во Лигата на шампионите.
„Ова е важен, но не и најважен натпревар затоа што и двете екипи веќе се пласираа на фајнл – фор турнирот, а за недела дена не очекува мечот со Хамбург. Добро е што Загреб игра одбрана како Хамбург 6:0 и 5:1 и овој натпревар ќе ни дојде добро како подготовка. Не ни е важно со кого ќе играме во полуфиналето на СЕХА лигата затоа што за да ја освоиме треба да ги победиме двата противника“, изјави на прес конфренцијата тренерот на Вардар, Шпанецот Раул Гонзалез.
Преносот од тринаесетиот дуел меѓу Вардар и Загреб ќе биде утре на МРТ1 во 17 часот и 45 минути.
