САД: Броењето гласови е во тек, Трамп прогласи победа

04.11.2020 09:29

Доналд Трамп прогласи голема победа на претседателските избори и на Твитер ги обвини противниците дека сакаат да му ја украдат. Побара од Врховниот суд да се вмеша во изборниот процес...

Доналд Трамп прогласи голема победа на претседателските избори и на Твитер ги обвини противниците дека сакаат да му ја украдат. Побара од Врховниот суд да се вмеша во изборниот процес.

Демократот Бајден изјави дека е на патот кон победата откако беа затворени гласачките места. Сојузните држави почнаа да ги објавуваат резултатите од гласањето, според кои Трамп котира многу подобро од она што го предвидуваа предизборните анкети.

Актуелниот претседател досега освои 23 сојузни држави, вклучувајќи ја и Флорида, која се смета за една од клучните за исходот на изборите, бидејќи носи дури 38 електорски гласови.

Бајден, пак, славеше во 20 сојузни држави, вклучително и Калифорнија, каде што освои 55 електорски гласови.

За победа на двајцата кандидати им се потребни 270 електорски гласови.