Австрија

Уапсени 14 лица поврзани со нападот во Виена

04.11.2020 11:06

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на едно лице во Линц, наводно е поврзано со нападот во Виена.

Четири лица и напаѓачот загинаа во терористички напад во Виена. 22-ца беа повредени. На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на едно лице во Линц, наводно е поврзано со нападот во Виена.

Во акции низ целата територија на Австрија беа уапсени 14 лица поврзани со нападот и со напаѓачот.

Властите соопштија дека сите вклучени во терористичкиот акт ќе бидат строго казнети. Додадоа дека исламистите познати на властите мора веднаш да бидат депортирани.