Заев денеска ќе разговара со Меркел

04.11.2020 10:39

Заев вчера изјави дека по завчерашниот разговор во Берлин на шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, има оптимизам во однос на решавање на прашањето со Бугарија...

Премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот е дел од дипломатските напори на Берлин за цел приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и официјален старт на преговорите за време на германското претседателство, по најавите за вето од страна на Бугарија.

Заев вчера изјави дека по завчерашниот разговор во Берлин на шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, има оптимизам во однос на решавање на прашањето со Бугарија.

Истакна дека е добредојдена помошта од Германија и оцени дека даваат резултати честите комуникации помеѓу работните групи и минситрите од двете страни, бидејќи се работи за две пријателски земји.

Сега сме ние на ред, Република Северна Македонија треба да ги отвори поглавјата преку првата меѓувладина конференција. Се трудам да има целосно разбирање. Двете страни сакаат да има решение, рече Заев.

Канцеларката Меркел вчера имаше видео-конференциски состанок со премиерот Борисов.