Собранието треба да расправа за предлог- законите опфатени во четвртиот пакет- мерки

04.11.2020 12:46

Пред пратениците се предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, предизвикана од Ковид-19 за октомври, ноември и декември 2020 година.

Собранието на пленарна седница треба да расправа за дел од најновите владини предлог-закони со кои се опфатени мерки од четвртиот анти-ковид пакет. За сите предлог-закони се бара донесување во скратена постапка.

Пред пратениците се предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, предизвикана од Ковид-19 за октомври, ноември и декември 2020 година.

Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 поради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, како и предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.