Пратеникот Сашко Николов кандидат на СДСМ за градоначалник на Штип

04.11.2020 13:18

Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервентен кардиолог во штипската клиничка болница.

Пратеникот Сашко Николов е кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, реши Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз.

Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервентен кардиолог во штипската клиничка болница.

Предвремените избори за градоначалници во Штип и Пласница се закажани за 13-ти декември.