Формула 1

Не се пропушта

14.03.2014 14:49

Стартува новата ера во Формула 1 шампионатот. Се е отворено на стартот на јубилејната 65-та сезона. Бројните технички и спортски правила комплетно ќе го сменат начинот на тркање ...

Квалификации и трка што не се пропуштаат. Стартува новата ера во Формула 1 шампионатот.  Се е отворено на стартот на јубилејната 65-та сезона. Бројните технички и спортски правила комплетно ќе го сменат начинот на тркање во формула 1. Многу непознаници. Место да ги надминат, претсезонските тестирања дополнително ги продлабочија дилемите. Кои се фаворитите, ќе биде ли прекината доминацијата на Ред Бул, ќе бидат ли трките повозбудливи, дали механиката и електрониката ќе ја минимизираат улогата на возачите, па до прашањата дали и колку болиди ќе го видат карираното знаменце на крајот на првата трка и уште повеќе колку воопшто ќе се појават на стартот.

Најголемата и најпроблематична промена се моторите. Ве- осмиците заминаа во историјата, по 1988-та се враќаат турбоагрегатите задолжени за напојување на шестцилиндерските агрегати од 1600 сантиметри кубни.Ферари и Мерцедес се чини ги надминаа проблемите со ладењето на моторот и турбоагрегатот, Рено е голема непознаница. Новите мотори се гладни, а ќе имаат на располагање само 100 килограми гориво. Ке се вози ли на половина гас?

Дополнитела главоболка е новиот ЕРС систем како замена за Керсот. Буква помалку,но проблем повеќе. Новиот систем за регенерација на енергијата сега ќе акумулира 160 коњски сили кои ќе можат да се искористат во текот на 33 секунди во секој круг. Двојно повеќе електрична сила со која може да се заштеди гориво, а со правилна работа и да помогне при запирањето. Но тоа е новиот проблем. На тренинзите гледачите уживаа во популарниот дрифт или пролизгување на задниот дел од болидите. Сепак прогнозите засега се остваруваат. Ред Бул е во втор план иако се блиску зад водечките. Алонсо беше најбрз на првиот тренинг, двоецот на Мерцедес Хамилтон и Розберг  доминираа на вториот. Како ќе биде на квалификациите и трката ќе видиме утре и в недела во 7 часот на првиот сервис на МРТ.

Сезоната вообичаено почнува со големата награда на Австралија.