Ново спомен- обележје во Битола
Непосредно до саат кулата, градот на конзулите промовира ново спомен-обележје „Битола со срце во средината“. Доделени и награди на талентеранитеученици кои на свој начин продолжуваат да го афирмираат родниот град...

Градот кој од памтивек важи за еден голем отворен културно историски музеј, доби уште едно знаковно спомен обележје. Големото Битола за добредојде на сите оние кои ќе го посетат, а срцето во средината за оние кои оставиле неизбришливи траги во афирмацијата на конзулска Битола. Обележјето е плод на финасиската заштеда на општината и секоја година ќе биде местото каде ќе се оддава почит и доделуваат награди на најталентираните ученици, кои на свој начин продолжуваат да го афирмираат родниот град.
Ако патеписците кажале дека тоа е најградскиот град, композиторите го опеале за навек, денешниве генерации имаат своја агенда како да придонесот во промовирањето на Битола.
На 76-тиот роденден на градот, 76 балони симболично искажувајќи ја љубовта кон својот град, но истовремено и покана до сите туристи кои годинава поради пандемијата не можеа да бидат гости на градот, кој со својат богата историја и традиција има што да понуди.
Стевче Митревски
