Телефонски разговор Пендаровски- Радев за напредокот во евроинтеграцијата

04.11.2020 14:38

Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Шефовите на државите разговараа за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови- стои во сооштението од кабинетот на претседателот.