Судот ѝ го одзеде пасошот на Лидија Димова
Разрешената директорка на националната агенција се сомничи за кривичното дело измама на штета на средства на Европската унија и за злоупотреба на службената положба и овластувањата, информираат од Кривичен.

Судијата од скопскиот Кривичен суд го уважи предлогот на јавниот обвинител и донесе решенија за одземање на пасошите на Лидија Димова и на Александар Гочев, со обврска за повремено јавување во судот и забрана за вршење на одредени работни дејствија.
Разрешената директорка на националната агенција се сомничи за кривичното дело измама на штета на средства на Европската унија и за злоупотреба на службената положба и овластувањата, информираат од Кривичен.
Пред два дена судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за Зоран Златковски опфатен во конкретната истрага.
Против решенијата, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет.
