Царовска: Над 90% од учениците успешно следат онлајн- настава
Над 90 проценти од учениците во земјава успешно ја следат наставата на далечина. До средината на месецов општините и училиштата ќе кажат каде наставниците да ја спроведуваат наставата на далечина- од училница или од дома. Во Прилеп донација на таблети за учениците од ранливите категории семејства...

Наставата на далечина успешно ја следат преку 90 насто од учениците во училиштата во земјава. Нема поголеми проблеми ниту во одвивањето на наставата со физичко присуство, констатира министерката за образование Мила Царовска. Таа денеска беше во увид на наставниот процес во Прилеп. Очекува успешна учебна година.
Секоја општина и училишен колектив во земјава до 15-ти ноември треба да одлучат дали наставниците он-лајн наставата ќе ја спроведуваат во училиштата или од дома. Предизвик со кој министерството е подготвено да се соочи е првото оценување на учениците на 20-ти ноември.
Денешната донација од 100 таблети, по 50 за прилепските и за битолските ученици е отворен повик за општествена одговорност.
Прилепските локални власти обезбедија 8 милиони денари за лап-топи за наставниците, а уште 17 милиони денари за таблети за ученици, со што нема проблем во наставата на далечина.
Прилеп нема поголеми проблеми во текот на наставата. Досега 10 наставници се во изолација, од кои 5 од основното училиште во селото Канатларци, другите од училиштата во градот. Две деца се позитивни, а 20-ина се во изолација.
Елизабета Митреска
