Собрание

Транспаренти и свирежи на расправата за избор на Кацарска за уставен судија

04.11.2020 16:42

Во Собранието при расправата за избор на Добрила Кацарска за Уставен судија, транспаренти и свирежи од опозицијата. За ВМРО-ДПМНЕ предлогот неприфатлив- Кацарска била синоним за неправда. 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нарачани судења, уништен правен систем, возвратија од СДСМ...

Жестока расправа и свирeжи од опозицијата во собраниската сала по предлогот на Судскиот совет, Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд.

И спикерот Џафери доби свирче. Повикувајќи се на неодамна донесениот закон за недискриминација, рече дека и ова е демократија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека Кацарска е несоодветно решение и дека одлуката е спротивна на Уставот. Според власта, пак, независноста на судството не било видливо во изминатите 11 години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Од говорницата пратениците од ВМРО –ДПМНЕ со став- времето ќе покаже дека се осудуваат невини и политички неистомисленици. Со ваквиот начин на однесување, долго ќе бидете опозиција, возвратија од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ предходно реагираше бидејќи претседателот на Судскиот совет пред пратениците не го образложи предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија.

 

Дијана Ценевска