МВР во борбата против организираниот криминал ќе соработува со фондацијата „Фалконе“
Мафијата не може да се победи само со полициска акција. Треба правилно да се образуваат младите кои се иднината на светот...

Со потпишувањето на договорот ќе се соработува во областа на научното истражување и во обука на стручниот кадар, а ќе бидат разменети и искуства и практики. Претседателката на Фондацијата Марија Фалконе смета дека потпишувањето на договорот е важен чекор затоа што ќе ги приближи идеите на Џовани Фалконе во Македонија, кој отсекогаш сметал дека италијанската мафија не е само во Италија туку е и меѓународна, и затоа борбата треба да се одвива на меѓународен план.
Мафијата не може да се победи само со полициска акција. Треба правилно да се образуваат младите кои се иднината на светот. Според министерката Јанкулоска, со денешното потпишување на договорот за соработка со фондација која го носи името на еден од најзнаменитите личности во светот во 20 век во областа на правосудството и борец против организираниот криминал Џовани Фалконе, ќе се направи уште еден значаен исчекор во надградувањето на капацитетите на МВР во борбата против транснационалниот криминал.
Наташа Гркова-Петрушевска
