Девет интернисти од приватното здравство ќе помагаат во јавното
Девет од вкупно 59 интернисти од приватно ќе помагаат во јавно здравство. Возраста на лекарите е најчестата причина што доброволно не се запишале на списокот. 180 специјализанти се враќаат во матичните клиники за да помагаат...

Пет интернисти од Скопје, еден од Кочани, двајца од Кавдарци, еден од Ваташа се деветмината лекари од приватниот сектор што ќе помагаат во ковид– центрите низ земјава. Само толку се пријавиле на повикот на Министерството за здравство. Помошта е на волонтерска основа.
Претседателот на Здружението на интернисти на Македонија, вели дека голем дел од лекарите имаат закажано пацинети преку Мој термин, дел од нив го исплаќаат аконтативниот дел кон Фондот за здравствено осигурување, бидејќи пролетта ординациите беа затворени, па дел од таа сума која беше префрлена од Фондот се одработува. Во некои ординации се тим лекар и сестра и нема кој да ги замени.
Доктор Манлоев, додава дека дел од неговите колеги се од повозрасна популација, па тука се во поголем ризик. Тој потсетува дека има потреба од интернисти во секојдневата рутинска пракса. Со зголемување на бројот на заболени и хоспитални болни, според него, многу веројатно дека болничкиот сектор ќе биде затворен во наредениот период.
Од Министерството за здравство информираат дека сите интерни клиники во склоп на Клиничкиот центар се подготвени да примат пацинети и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенции на дневна основа.
На клиниките обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пацинети, но нема да изостане и тековната работа со третман на пацинети на дневна основа, кои не се ковид. Згрижувањето на ковид пацинети ќе биде под посебни протоколи, а кадарот е спремен да работи со ковид пацинети и веќе е направен систем на ротација на лекари и медицински нперсонал.
Наташа Јанчиќ- Менковски
